MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2018

 

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на доделувањето на наградите и признанијата на најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипa на Град Скопје за 2018 година и го додели Признанието на најуспешниот спортист за 2018 година – пливачот Евгениј Поп Ацев.

- Градот Скопје традиционално се грижи за своите спортисти, Градот внесува новини особено кога е спортот и младите во прашање, а оваа година за првпат за 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, обезбедивме стипендии за осум месеци во текот на учебната година. Сакаме колку што можеме скромно да го помогнеме развојот на спортот и кај младите генерации да направиме едни навики на поздрав живот и спортска култура. Се надевам  дека тие млади луѓе во кои вложуваме во следните години ќе постигнат значајни спортски успеси и на домашни и на странски натпревари, особено како што тоа знаат да го направат скопските екипи. Ви честитам на годинешниве успеси, особено на спортистите, а на сите тренери и спортски работници сакам да Ви се заблагодарам за ангажманот за тие да постигнат  извонредни резултати на европски и на светски натпревари – рече денеска градоначалникот Шилегов.

На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Категорија најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):

 

1.    Евгениј Поп Ацев - Академски Пливачки клуб Студент
3 место во вкупен пласман на Светски куп во маратонско пливање на ранг листа на меѓународната пливачка федерација
2.    Бобан Илиоски - Кикбокс клуб Шампион
Сребрен медал Светско првенство маитаи, Канкун - Мексико
3.    Дејан Недев - Карате клуб Работнички
Двократен шампион на Европа во кати и кумите за сениори на Европски Шампионат, Белград – Србија
4.    Стојанче Стоилов - АД Ракометен клуб Вардар
1 место во регионална СЕХА Лига;
4 место во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на Шампионите
11 место на ЕХФ ЕУРО 2018 во Хрватска со репрезентација на Македонија
5.    Дејан Георгиевски - Таеквондо клуб Бутел
Бронзен медал Европско првенство У21 , Варшава – Полска
Сребрен медал Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
Златен медал Балканско првенство, Букурешт – Романија
Златен медал Европски Таеквондо Игри, Пловдив - Бугарија
6.    Ненад Келебиќ - Карате клуб Цветан Димов
Бронзен медал на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
7.    Дарио Ивановски - Здружение Атлетски клуб Работнички
1 место на Белградски полумаратон;
1 место на Виз Ер Скопски Маратон;
10 место на 1.500 метри на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија;
4 место  на 3.000 метри на Балкански игри на отворено, Стара Загора – Бугарија;
14 место на 1.500 метри на Светско првенство во сала, Бирмингем – Велика Британија
8.    Фати Вејсели - Здружение Боречки клуб Лирија 2010
5 место на Светско првенство за јуниори, Трнава – Словачка;
10 место на Европско првенство за сениори до 23 години, Истанбул Турција;
2 место Балканско првенство за јуниори, Тирана - Албанија
9.    Адријана Поп Арсова - Маратон клуб Делта
3 место Скопски маратон
4 место Маратон, Подгорица
10 место Маратон, Холандија
1 место полумаратон, Грција
4 место полумаратон, Грција
10.  Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички
9 место на Медитерански игри 400м со пречки
5 место на Балканско Првенство – 400м со пречки

 

  

 

Категорија најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени)

 

1.    Фахик Весели – Шотокан Карате клуб Олимпик
Бронзен медал на Младински Олимписки Игри во Буенос Аирес
2 место на Европско Првенство во Сочи, Русија

 
2.    Анамарија Георгиевска - Таеквондо клуб Бутел
Бронзен медал Светско Јуниорско Првенство, Тунис
Сребрен медал Софија Опен Г1, Софија – Бугарија
Бронзен медал Турција Опен Г1, Турција
Сребрен медал Балканско Првенство, Букурешт – Романија


3.    Хамза Јашари - Здружение на граѓани Џудо клуб Миоки
3 место на Европско првенство за кадети


4.    Викторија Варадинова - Кикбокс клуб Шампион

Бронзен медал на Светско првенство Кик бокс, Лидо Ди Јесоло - Италија



5.    Абдурахим Идризи - Карате клуб Макпетрол

Златен медал на Светски Младински Карате Куп, Умаг – Хрватска

Златен медал на Балканско Првенство за кадети, јуниори У21, Дубровник – Хрватска

 
     

Категорија најталентиран млад спортист - кадет

 

Бесир Алили – Здружение Боречки Клуб ЛИРИЈА 2010

2 место на Европско првенство во борење - кадети

 

Најуспешен тренер

 1.    Бошко Заборски - Карате клуб Макпетрол

 
 

Најуспешна спортска екипа од Скопје

 
1.   АД Женски Ракометен клуб Вардар

    1 место во Женска регионална СЕХА Лига;

    2 место во ЕХФ Лигата на Шампионите

 
 
Најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје

 
1.    Иван Чупиќ - АД Ракометен клуб Вардар

1 место Регионална СЕХА Лига

4 место ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на Шампионите

 

 

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби

 1.    Стоилко Стоицев - Здружение Планинарски клуб Македон

Оваа година успешно го искачи највисокиот врв во Европа Елбрус 5642 метри, и стана првиот Македонец како лице со хендикеп (лице со оштетен вид) што го има искачено врвот.

 

Признанијата за најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипa за 2018 година ги доделува Градот Скопје, а технички организатор на манифестацијата е Сојузот на спортови на Скопје. За оваа традиционална манифестација Град Скопје издвојува 300.000 денари.

 

 На доделувањето на наградите присуствуваше и Дарко Каевски, директор на Агенција на млади и спорт.

Назад   

Креиран од UserAA на 25.12.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
29.01.2019 JАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12233931