MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ВО ГРАДСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2019 ГОДИНА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЗЕЛЕНИЛО И СОЦИЈАЛА

 

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе го разгледува предлог-буџетот за 2019 година и Планот за програми за развој за 2019-2021 година, односно развојниот дел на Буџетот на Град Скопје.

Со предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година се предлага максимален износ од 6,5 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во планираните средства влегува и дел од вишокот на приходи остварен од минати години во износ од 1 милијарда и 21 милиони денари.

Во структура на вкупно планираните приходи најголем процент на учество имаат даночните приходи со 38%, приходите од дотации со 25%, неданочните приходи со 7% и капиталните приходи 8%.

Планираните приходи и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџетот на Градот Скопје за 2019 година, е следното:

 

-            Основен буџет – 4,4 милијарди денари;

-            Буџет на дотации – 1,6 милијарди денари;

-            Буџет на самофинансирачки активности – 304 милиони денари;

-            Буџет на донации – 130 милиони денари;

-            Буџетот на кредити – 10 милиони денари;

 

Предложените проекти во расходниот дел на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, се изготвени согласно со стратешките приоритети на Град Скопје со кои се обезбедува ефикасно извршување на надлежностите и исполнување на потребите на граѓаните.

Во предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година приоритет е животната средина и одржувањето на зелените простори.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување  во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Предложениот Буџет на Град Скопје за 2019 година е изготвен согласно со  насоките за подготовка на буџетот на единиците на локалната самоуправа – Буџетски циркулар за 2019 година, како и согласно со измените на Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Сите предложени програмски проекти од различните области во рамки на законските надлежности на Град Скопје, се планирани внимателно, а во насока на здрава животна средина и воспоставување концепт на одржлив развој, а со тоа и приближување кон политиките на Европска Унија и нејзините принципи.

Зголемување има и во буџетот за социјала, кој за 2019 се предлага да биде 102 милиони денари, во споредба во годинешниов кој изнесуваше 78 милиони денари. Зголемување има и во делот за изградба на паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Во делот на урбанистичкото и просторно планирање и уредување на градежното земјиште се предвидуваат средства во износ од 1.384.280 денари за капитални расходи.

Буџетот на Град Скопје претставува годишен план на приходи и други приливи и одобрени средства и ги вклучува основниот буџет, буџетот на дотации, буџетот на самофинансирачки активности, буџетот на донации и буџетот на заеми.

Назад   

Креиран од adminvm на 17.12.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12839114