MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ВЕЧЕР СЕ ОТВОРА „ВИНТЕРЛЕНД“ – ПРВАТА НОВОГОДИШНА НАСЕЛБА ВО СКОПЈЕ
 

 

Со вечерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“ Скопје подготвено ја пречекува новогодишната магија. Се ближат новогодишните и божикните празници кои нудат можност да се споделуваат убави моменти со граѓаните. За таа цел Град Скопје постави новогодишни куќички на плоштадот „Македонија“ за уникатно празнично расположение.

 

 

 

Во новогодишната населба  со украсени куќички има катчиња за игра и смеа, како и мала сцена на која ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на посетителите, без разлика на возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. За вљубениците во зимските спортови, пак, во населбата ќе биде поставено и лизгалиште на мраз.

 

 


Во централниот дел на новогодишната населба „Винтерленд“ е поставена елка која ќе светне вечер во 19 часот. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.

Осветлувањето на елката вечерва ќе го придружува настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од  девет средни училишта на Град Скопје, и тоа од „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, „Зеф Љуш Марку“ и „Панче Караѓозов“, кои околу половина час ќе изведуваат Божиќни песни. Средношколците на плоштадот „Македонија“ ќе пристигнат придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој ќе изведе парадно концертирање од Старата железничка станица, па по улицата Македонија, се до плоштадот „Македонија“.

 

 

 

На отворањето на новогодишната населба „Винтерленд“ и на осветлувањето на новогодишната елка вечер ќе присуствува и градоначалникот Шилегов кој ќе го означи почетокот на новогодишното празнување во Скопје.

Градот Скопје ги повикува сите граѓани да дојдат на Плоштадот и да уживаат во новогодишната магија.

Назад   

Креиран од UserAA на 07.12.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085542