MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

 

По добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје, градоначалникот на Град Скопје ги објавува следниве препораки до граѓаните:


  • да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило;
  • да се користи јавниот превоз;
  • рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;
  • за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал;
  • да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци;
  • печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;
  • редовно да се чистат оџаците;
  • да се одложат сите активности на отворено;
  • да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно издадените одобренија од Градот Скопје.

 

Овие препораки градоначалникот на Град Скопје ги објавува во согласност со Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Град Скопје) и добиеното соопштение за надминување на прагот на информирање од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Назад   

Креиран од adminvm на 04.12.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085349