MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЦЕЛОСНО ОБНОВЕН ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА ФРАНКЛИН РУЗВЕЛТ
 

 

Градот Скопје ја продолжува акцијата за обновување на дрворедите низ Скопје, дел од големата есенска акција за зазеленување на градот.

- Денеска го обновуваме дрворедот на улицата Франклин Рузвелт, и тоа oд двете страни по должината на улицата, од булевар  Илинден до улицата Васил Ѓоргов. Ги заменуваме сите исечени и паднати дрвја со нови здрави висококвалитетни листопадни садници од видот див костен, како и преостанатите во дрворедот. Речиси 500 пенушки на градските сообраќајници оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници - истакна портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

 

 

 

Обновата на дрворедите низ градот ќе се реализира на начин што новите садници ќе бидат засадени внимателно, грижливо, со видовите какви што претходно биле засадени на  истото место.

- Оваа есен ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Земавме обврска пред граѓаните да го вратиме изгубеното зеленило и да се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило. За разлика од претходната власт која го уништуваше зеленилото каде што ќе стигнеше. Преку надоместувањето на изгубеното зеленило, зголемувањето на бројот на парковите и дрворедите и заштитата на сите јавни зелени површини во сите општини во градот сериозно работиме на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина во градот – изјави Салиху.

 

 

 

Влогот во здравата животна средина е трајна придобивка која директно  влијае на здравјето на граѓаните, затоа Градот Скопје константно работи да им обезбеди на граѓаните што повеќе чисти и зелени површини.

Ова есенската акција, Градот ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа  учествуваат со свои работници, механизација и садници.

Назад   

Креиран од UserAA на 04.12.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085521