MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

CREART ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕВРОПСКА ИЗЛОЖБА ВО 2019 ГОДИНА

Град Скопје ги повикува заинтересираните уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми  од Скопје да поднесат пријава со свое портфолио на англиски јазик за учество во постапката за селекција на најмногу  10 уметника  од градот Скопје за учество на Европската изложба  во 2019 година која се оддржува во рамки на европскиот  проект „CREART“.  

 

  1. 1.      За  Европската  изложба

Еден од водечките активности на CreArt 2.0 е годишната патувачка Европска изложба во која учествуваат уметници од сите 12 градови партнери, а селектор на изложбата е куратор од градовите-партнери предходнио избран по пат на јавен повик. Секоја година големата зедничка Европска изложба се одржува во три града партнери.  Каталозите и промотивните матреијали ќе бидат дистрибуирани во сите партнерски градови.

Второто издание на Европската изложба, насловена „The third space  ќе биде организирано во 2019 година во 3 града учесници во проектот CREARТ, а нивниот  распоред и рута се  следните:

 

-       Загреб, Хрватска

-       Лече, Италија

-       Клермон-Феран, Франција

 

  1. 2.      Куратор и концепт на изложбата

 

Куратор и селектор на изложбата во 2019 година е Јованка Попова од Скопје, Македонија, а нејзиниот куратоски концепт се базира на темата The third space “ (Третиот простор) и  се темели на употребата на терминот солидарност кој значително се шири во рамките на разни општествени, политички и културни сфери.

Изложбата ќе даде вовед во линија на специфичностите на терминот солидарност како заедничка состојба, од денешните истории и култури и покажува како тие постојано се надвиснуваат на сегашноста, барајќи активно да се вклучиме во трансформирање на сопственото разбирање на меѓукултурните односи.

  1. 3.      Селекција на делата

- Доколку бидат пријавени повеќе од 10 автори,  ќе биде извршена предслекција на доставените пријави од страна на локална комисија,

-  Конечната селекција на уметници кои ќе учествуваат на изложбата ќе биде  извршено од страна на кураторката Јованка Попова, која од предложените уметници треба да одбере најмалку еден уметник од секој град и да ја состави конечната листа на учесници на изложбата и заедно со уметниците ќе се договара околу конечната селекцијата на дела кои ќе бидат изложени. 

- Уметниците ќе бидат информирани за  резултатите од  јавниот повик.

5. Услови за учество и покривање на трошоци

-  Право на учество имаат уметници или уметнички групи  од областа на визуелните уметности и уметоста на новите медиуми кои живеат, работат или студираат во Скопје.

- Максмален број на дела со кој уметникот/уметничката група може да се пријави е пет (5),

- Пријавените уметници/уметнички групи  треба да ја следат темата „ The third space “  зададена од кураторот Јованка Попова дадена во прилог на повикот,

- На избраните уметници ќе им биде исплатен авторски хонорар од 500 евра нето  во денарска противредност од страна на Градот Скопје врз база на авторски договор,

-  Избраните уметници ќе имаат можност да присуствуваат на една  локација од трите на кои се оддржува изложбата во 2019 година (со исклучок на  оние уметници кои ќе мораат сами да ги поставуваат своите дела),  што вклучува покривање на трошоци за пат, храна и сместување од страна на  организаторот,

- Грижата околу превземање, превоз, осигурување и пакување на избраните дела како и подготовка на каталогот ги превзема организаторот на изложбата,

- Дополнителните трошоци поврзани со престојот во странство ги сноси уметникот.

6. Начин на пријавување:

Право на учество имаат сите уметници кои живеат и  работат  во Скопје.

 

Заинтересираните уметници треба да ја пополнат пријавата на македонски јазик, како и да испратат своја биографија, портфолио и фотографии на  најмногу 5 референтни дела кои одговараат на темата на повикот, писмо со намери  и  други релевантни документи на англиски јазик кои ќе бидат препратени на кураторот.

 

Напомена:  Званичен јазик  на комуникација со кураторот и организаторите на изложбата (Загреб, Лече, Клермон-Феран) како и одговорните лица од градовите е англискиот јазик.

Со поднесувањето на потпишаната пријава авторите се согласуваат со условите на конкурсот.

 

Целиот јавен повик може да се види на следната интернет врска

 

Пријавата може да се симне на следната интернет врска

 

Писмото од кураторот на изложбата можете да ја погледнете на следната интернет врска. 

 

 

Пријавата треба да се испрати најдоцна до 26 ноември 2018 година (понеделник)  на следната е-маил адреса: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk

 

Лице за контакт Адријана Божиноска, Kоординатор на проектот од  Град Скопје тел. 02/3297-221,  е-маил: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk

Назад   

Креиран од UserAA на 15.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085513