MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018

Претстојниов викенд, односно на 10-ти и на 11-ти ноември 2018 год., од 11 часот во холот на Веро центар ќе се одржи десеттата по ред интернационална  манифетација Интерскопкејкс 2018 во Скопје. Покровител на манифестацијата е Град Скопје,  а организатори ХОА Ангелчиња.       

Хепенингот претставува презентација и натпревар на учесниците во изработка и декорација на торти. Настан преку кој на граѓаните на град Скопје и пошироко им се нуди можност да уживаат во креациите на аматерите и на професионалците од оваа бранша, и преку истите да бидат дел при развојот на свеста за хумноста.       

Манифестацијата е од хуманитарен карактер, а тортите ќе бидат подарени на децата од социјално загрозените семејства.

Интерскопкејкс ќе се одржува два дена, организациски поделен во два дела: ревијален и официјален. Во текот на овие два дена учесниците од  Македонија и од странство ќе се натпреваруваат во две категории, односно аматерска и професионалан на теми Детски роденден (детска торта)  и За  мојот посебен ден (свечени торти).

Назад   

Креиран од UserAA на 09.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11996138