MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД БЕСПЛАТНАТА ЕДУКАТИВНА ТУРА „ПО СТАПКИТЕ НА ОСЛОБОДИТЕЛИТЕ“

Градот Скопје ги поканува граѓаните да бидат дел од едукативната тура „По стапките на ослободителите“ којашто ќе се организира утре и задутре (10 и 11.11.2018 година) по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. На оваа тура граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 74 години.

Едночасовните тури утре и задутре ќе почнуваат во 12 часот пред Музејот на илегалните работилници за оружје (зад објектот на Археолошкиот музеј), а граѓаните ќе се движат пеш низ централното градско подрачје според следната агенда:

 

– Разгледување на Музејот и дискусија за објектот и идејата за слобода;

– Посета на Споменикот на 9-те стрелани скопјани и дискусија;

 - Премин преку плоштадот „Македонија“ и појаснување на улогата на плоштадот за денот 13 Ноември

- Посета на Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија (некогашната Женска гимназија)

 

Низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје граѓаните ќе ги води Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“. Едукативните тури, што ќе се одржат утре и задутре, за граѓаните ќе бидат бесплатни.

Назад   

Креиран од UserAA на 09.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12618522