MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НЕ ПРИЈАВУВАЈТЕ ОТВОРЕНИ ОГНОВИ НА ФБ, ПРИЈАВЕТЕ ГИ НА 193

Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Територијалната единица за противпожарна заштита, Црвениот крст и Здружението на граѓани „Љубезност“ ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено.

- Палењето огнови на отворено е законски забрането, но е честа појава. Најчесто тоа е последица на несовесноста на некои граѓани, но во некои случаи е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно живеалиште. Горењето пластика, гуми, кабли, неквалитетни дрва и палењето на дивите депонии влијаат на загадувањето на воздухот. Статистиката покажува дека греењето на дрва учествува со една третина во загадувањето на воздухот, а најотровните состојки се испуштаат од отворените огнови. За таа цел мешани тимови и оваа година ќе работат секој ден, 24 часа, за борба против огновите на отворено. Граѓаните активно можат да ги пријавуваат сите случаи на палење огнови на отворено во кол-центарот, на телефонскиот број 193 – рече на денешната прес-конференција Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.

 


Тој упати апел до граѓаните, сите забележани огнови на отворено да ги пријавуваат исклучиво на телефонскиот број 193, наместо на Фејсбук или на другите социјални мрежи.

- На тој начин екипите ќе може да интервенираат навремено, а со тоа и да се спречи евентуална опасност по здравјето и имотот на нашите сограѓани.  Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, огновите ќе бидат изгаснати, а доколку постои потреба од згрижување на лицата кои ги палат огновите ќе интервенираме во координација со Центарот за социјална работа на Град Скопје. Одговорноста за решавање на проблемот со огновите на отворено е заедничка за сите нас и затоа е неопходна активна соработка со граѓаните. Градот Скопје интензивно работи на елиминирање на причинителите на загадувањето на амбиентниот воздух во градот – нагласи Салиху.

Минатата зима, во рамки на оваа кампања беа регистрирани вкупно 438 јавувања на телефонскиот број 193. Беше интервенирано на 334 огнови на отворено, а во 114 случаи на терен излегоа комунални инспектори.

 


Раководителот на Секторот Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски, денеска објасни дека градските инспектори вршат засилени контроли на терен по однос на загадувањето на животната средина и досега се пронајдени и казнети поголем број прекршители во Вардариште и во Ѓорче Петров.

- Во периодот септември/октомври годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување од околу 120 насто во однос на изречените казни, а имаме изречено и голем број опомени за несовесните граѓани. Засилено се следи и состојбата во Лисиче, каде што граѓаните пријавуваат извори на загадување. Фатени се неколку малолетници кои гореле кабли и различни отпадни материјали. Ги контролираме и градилиштата по однос на прашината, дали се чисти тркалата на камионите, дали се покриени со церади и слично.  Направени се контроли кај  повеќе од 50 градилишта на подрачјето на Скопје  - рече Богдановски.

Назад   

Креиран од UserAA на 09.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085314