MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ НА 10 НОВИ ОБУЧЕНИ ОЏАЧАРИ ВО СКОПЈЕ

Во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ денеска беа доделени сертификатите на 10 кандидати што ја завршија обуката за оџачари во првата група од наставата што ја организираше Град Скопје. Доделувањето на сертификатите на новите оџачари беше дел од одбележувањето на патрониот празник на СУГС „Здравко Цветковски“, под мотото „Мисија воздух – вдиши длабоко“.

 


Во Скопје 45% од вкупниот број домаќинства се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци што многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе од исчистен оџак. Организирањето обуки за оџачари е само дел од чекорите што ги презема Град Скопје за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци.

 

Обуката за оџачари Град Скопје ја организираше во две групи. Во тек е обуката на втората група кандидати за оџачари во СУГС „Здравко Цветковски“.

 


Како дел од мерките за борба против загадувањето, во тек е пријавувањето за субвенции за чистење оџаци и ќе трае до 22 ноември 2018 година. Со овој повик, Градот Скопје ќе им надомести дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чиешто живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. На овој повик на Град Скопје досега се пријавиле 137 граѓани.

 


Учениците од СУГС „Здравко Цветковски“ на одбележувањето на патрониот празник денеска дадоа пример за одговорно однесување спрема животната средина, односно подготвија макети на познати објекти во кои е вклопена архитектурата и природата, еколошки паноа, жив ѕид со растенија, модна ревија со рециклирани материјали, цртежи и литературни творби. Средношколците во изминатиов период работеле и на краток филм, фотографии и статија со кои учествуваат во проект на тема загадување.

Назад   

Креиран од adminvm на 05.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11996080