MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

22.11.2018

Градот Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Јавниот повик трае 60 календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22.11.2018 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи:

 

- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);

- Доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош;

- Доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци;

- Потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот;

- Фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности). Фискалната сметка треба да биде  издадена во периодот од почетокот на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот, и

- Фотокопија од трансакциска сметка / жиро сметка.

 

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

 

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска.  

 

Барањето за надоместок можете да го преземете на следната интернет врска.

 

Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година е објавен вчера (25.09.2018 година) во  весниците Слободен печат и Коха.

Назад   

Креиран од UserAA на 01.10.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11996040