MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРИСТИГНАА СЛОНИЦИТЕ ДУЊА И ДАЕЛА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

По 26 години Зоолошката градина во Скопје повторно станува дом за слонови - овојпат за белгиските слоници Дуња и Даела.

 


Под мотото „За европска Зоолошка“ со богата музичко забавна програма пред големиот број присутни беа претставени најновите жители на зоолошката градина во Скопје.

 

- По 26 години успеваме во нашиот град конечно да донесеме слонови. Многумина тогаш неродени ќе можат заедно со своите дечиња да шетаат и да ги гледаат овие животни. Новото раководство на Зоолошката градина успеа да ги донесе двете слоници во Скопје и го забрза процесот коишто беше закочен повеќе од 5 години и на општа радост на сите успеавме да ги донесеме Дуња и Даела. Сериозен е ангажманот на новиот менаџмент за подобрување на условите и понудата на нови содржини, со што сите можат да посведочат на трансформацијата на Зоолошката градина - кажа градоначалникот Шилегов на денешната манифестација.

 

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски се заблагодари на Градот Скопје за континуираната поддршка за подобрување на работата на оваа институција. Тој додаде дека и во иднина ќе продолжат активностите за збогатување на содржините во Зоолошката градина, со цел истата да остане на врвот на најатрактивните и најпосетени институции во Скопје и во земјава.

 

Слониците Дуња и Даела се стари 30 години, каде едната е африканска а другата азиска. Нивното ново живеалиште е со отворен и затворен ден, и истото е согласно најсовремените светски стандарди, а според површината која ја зафаќа е едно од најголемите во скопската Зоолошка.

 


Назад   

Креиран од UserAA на 29.09.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
29.01.2019 JАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12233799