MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ ВО ВЛАЕ

 

Денеска започнаа градежните работи за реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ во населбата Влае во Карпош.

На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Шилегов.

 

- Градот Скопје ја почна реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ на потег од мостот „Обединети Нации“ до кружниот тек со улицата „Ацо Шопов“ во должина од околу 850 метри. Со цел работите побрзо да се одвиваат и што е можно помалку да им го отежниме движењето на граѓаните додека се врши реконструкцијата, градежните активности се поделени на две фази и ќе ги вршат две различни компании. За реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди “  Град Скопје ќе издвои околу 19 милиони денари– кажа градоначалникот Шилегов.

 

На овој дел од булеварот, со вкупна должина од 835 метри, целосно ќе биде отстранет стариот коловоз и ќе биде нанесен нов асфалтен слој. Исто така, ќе  се заменат оштетените шахти и ќе се нивелираат постојните, а ќе се заменат и сите оштетени рабници.

 


Градоначалникот Шилегов апелираше до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот, истовремено замолувајќи ги за разбирање во потешкотиите во одвивањето на сообраќајот до завршувањето на реконструкцијата.

 

Реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ е една од низата  коишто се реализираат во овој период во насока на обезбедување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град. Претходно започна и втората фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, како и реконструкцијата на улицата „Ацо Шопов“, а во наредниот период ќе почне и реконструкцијата на улиците „Брадфордска“ и „Лондонска“ во Карпош, улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода, како и изградба на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“.

Назад   

Креиран од UserAA на 13.09.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11996165