MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ И НОВИ ФАСАДИ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Градоначалникот Шилегов денеска го посети СУГС „Орце Николов“ каде што е во тек реконструкцијата на фасадата и на надворешната столарија на училишниот објект.

Во новата учебна година новина е бесплатниот превоз за сите ученици во средните училишта на Градот Скопје независно од оддалеченоста на местото на живеење од училиштето во кое учат.

- Досега бесплатен превоз користеле околу 20.000 ученици кои ги живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето во кое учат. Од оваа учебна година бесплатен превоз ќе имаат можност да користат дополнителни над 2.000 ученици односно сите ученици во средните училишта на Град Скопје без исклучок.  – нагласи денеска Шилегов.

Дополнителните средства за бесплатниот превоз на ученици се обезбедени директно од Буџетот на Град Скопје за 2018 година како дел од Програмата за активности на градот за средното образование.

Реконструкцијата на фасадата на средното училиште „Орце Николов“ се реализираше преку санирање на бетонските делови, поставување на демит фасада во деловите каде што недостасува и освежување на боите на циглата. При тоа во консултација со проектантот и Асоцијацијата на архитекти на Македонија се водеше сметка фасадата да не трпи визуелни промени заради задржување на постојниот надворешен изглед на училиштето.

Во гимназијата „Орце Николов“ се работеше и на  промена на внатрешната и надворешната столарија, реконструкција на подовите, партерно уредување, поставување на бекатон на паркингот на училиштето и поставување на нови 5 рефлектори за надворешното осветлување.

- Зградите на 23-те градски средни училишта спаѓаат во редот на најголемите објекти во градот, а поставувањето енергетски ефикасни фасади во сите нив подразбира огромни заштеди на енергија и значително помали трошоци. Висината на вкупните средства за оваа намена изнесува речиси 60 милиони денари за 19 училишта, кои ќе добијат енергетско ефикасни фасади, санирани покриви, надворешна столарија, подови, електрика и греење. Дел од училиштата започнуваат и со адаптација на тоалети за лицата со посебни потреби. Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата предвидени за проектот „Скопје 2014“. – рече Шилегов.

Во тек се реконструкциите на фасадите на средните училишта „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“.

Назад   

Креиран од UserAA на 02.09.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12980825