MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НОВ КОНЕКТОР СПОЈУВА ТРИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО КАРПОШ

 

Градот Скопје продолжува да инвестира во подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје.

Деновиве заврши изградбата на новата велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“.

На промоцијата на новата велосипедска патека присуствуваше и градоначалникот Шилегов.

 

- Вкупната должина на патеката на овој потег изнесува 1.200 метри и со тоа успешно ги поврзавме постојните велосипедски рути 1 и 2 со кејот на Вардар.  Ширината на патеката изнесува 2,5 метри што овозможува двонасочен велосипедски сообраќај. Велосипедската патека е дел од т.н. „Конектор 5“ кој по завршувањето на неговата изградба во вкупна должина од 2.044 метри предвидено е да ги поврзува рутите 1, 2 и 3 и да се протега по должина на целиот булевар, поточно од крстосницата со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до  крстосницата со улица „Скупи“ – кажа Шилегов.

 

За изградбата на велосипедската и пешачката патека досега се потрошени 15 милиони денари. На дел од оваа патека се вршат и експериментални мерења за температурата на асфалтот и заради тоа тој дел од патеката е обоен со бела боја. Пилот тестирањето е дел од европскиот проект ЕПИКУРО ЕКО чија цел е зголемување на отпорноста на градот во однос на климатските промени.

- Проектот „Скопје вело-град“ го враќаме на врвот на листата на приоритети. Планираме да ја продолжиме изградбата на овие кратки патеки што ги поврзуваат постојните главни велосипедски рути, а работиме и на создавање на услови за почнување на изградбата на неизградените рути – додаде Шилегов.

 

Со завршувањето на оваа патека ќе се поврзат  трите главни рути во Скопје и кејот на Вардар и граѓаните на Карпош, како и преостанатите граѓани коишто живеат и работат тука ќе можат побрзо со велосипед да стигнуваат до своите домови и работни места.

Покрај на оваа локација, во моментов се работи на изградба на нови велосипедските патеки на повеќе локации  низ градот со вкупна должина од над 5 километри. Новите патеки се градат на булевар „Борис Трајковски“, на улица „11 Октомври“, на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и на улица „Бутелска“.

Назад   

Креиран од UserAA на 29.08.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080217