MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ШИЛЕГОВ: СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“ МЕЃУ УЧИЛИШТАТА ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ФАСАДИ
 

 

Во гимназијата „Никола Карев“ деновиве се поставува изолација за постигнување енергетска ефикасност на училишниот објект, се довршува надворешната столарија, се реконструира таванот со прилагодување на електричната инсталација за осветлување, а се изведуваат и други ѕидарски, изолаторски и лимарски работи на делови од училиштето. Во градежните работи за реконструкција на ова средно училиште денеска увид направи градоначалникот Шилегов.

-       Поставувањето енергетски ефикасна изолација кај ова училиште, како и кај СУГС „Панче Караѓозов“, се изведува од внатрешната страна бидејќи објектите на овие училишта се заштитени како споменици на културата од втор степен. Во таа насока ќе потенцирам дека внимававме на заштитата на културното наследство кај сите фасади кои се заштитени како споменици на културата. Важно е да се напомене дека Град Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето и во летниот период кога никој не ги чувствува последиците од загадениот воздух во Скопје, а штедењето на енергијата директно влијае на намалување на загадувањето – рече Шилегов.

 

Ова лето 13 училишта ќе добијат енергетски ефикасни фасади, во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија. Покрај реконструкцијата на фасадите се реконструираат и покривите и надворешната столарија, таму каде што е потребно.

Во тек се реконструкциите на фасадите на средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Димитар Влахов“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“.


Висината на вкупните средства за реконструкција на училиштата изнесува речиси 60 милиони денари за 19 училишта, кои ќе добијат енергетско ефикасни фасади, санација на покриви, надворешна столарија, подови, електрика и греење. Дел од училиштата започнуваат и со адаптација на тоалети за лицата со посебни потреби. Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата предвидени за проектот „Скопје 2014“.


Назад   

Креиран од UserAA на 20.08.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080420