MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ШИЛЕГОВ: ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ СО НОВА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНА ФАСАДА

 

Градоначалникот Шилегов денеска го посети СУГС „Јосип Броз Тито“ каде што е во тек реконструкцијата на фасадата и на надворешната столарија на училишниот објект.

Во ова училиште се обновуваат и подовите, вратите на училниците, делови од атриумот, а се врши и адаптација на тоалети за лица со физичка попреченост.

 

- Градот Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето и во летниот период кога никој не ги чувствува последиците од загадениот воздух. Штедењето на енергијата директно влијае на намалување на загадувањето. Зградите на 23-те градски средни училишта спаѓаат во редот на најголемите објекти во градот, а поставувањето енергетски ефикасни фасади во сите нив подразбира огромни заштеди на енергија и значително помали трошоци. Во таа насока, во рамките на Програмата за енергетска ефикасност на градските установи 2018-2020 и Акцискиот план кои ги изготвивме на почетокот на оваа година, во тек е реконструкцијата на фасадите на средните училишта во градот – рече Шилегов.

 

Покрај реконструкцијата на фасадите Град Скопје ова лето работи и на реконструкција на внатрешноста на објектите на средните училишта, таму каде што е потребно.

 

- Висината на вкупните средства за оваа намена изнесува речиси 60 милиони денари за 19 училишта, кои ќе добијат енергетско ефикасни фасади, санирани покриви, надворешна столарија, подови, електрика и греење. Дел од училиштата започнуваат и со адаптација на тоалети за лицата со посебни потреби. Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата предвидени за проектот „Скопје 2014“. Градот се грижи за сите граѓани подеднакво, секој да има услови за нормално функционирање и живеење. Наша цел е сите средни училишта што се во надлежност на Град Скопје да имаат енергетско ефикасни фасади и просторни услови кои ќе овозможат подостоинствено функционирање и на нашите ученици и на вработените во училиштата. Скопје го правиме енергетско ефикасен град, бидејќи Скопје е град за сите. Нашите деца заслужуваат да учат во подобри услови. Тие услови, на нашите ученици им ги овозможуваме со почетокот на новата учебна година – нагласи денеска Шилегов.

 

Во тек се реконструкциите на фасадите на средните училишта „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Заврши и тендерската постапка за реконструкција на фасадите на средните училишта „Марија Кири Склодовска“ и „Цветан Димов“ каде што деновиве ќе започнат градежните активности, а овие училишта ќе добијат целосно нови фасади.

Назад   

Креиран од UserAA на 16.08.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080407