MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЗАВРШИ ЈАВНИОТ КОНКУРС ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ВО ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ОВА СЕ ПОБЕДНИЦИТЕ
 

 

Градот Скопје ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта. Овој конкурс беше објавен на 22.03.2018 година и траеше до 15.05.2018 година.

За најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина) е избрана ГРЕЕН БСН МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ, која е добитник на наградата во износ од 45.000 денари.


 

 

Во категоријата за избор на најголем придонес во областа на заштитата на животната средина и природата добитник на наградата во износ од 45.000 денари е Солева Евдокија за книгата Стандардот ИСО 14001 и неговата примена.

За најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување добитник на наградата е Весна Ефтимов, за двор во населбата Хром, а за двор на институција победник е ООУ „Наум Охридски“ во Црешево. Победниците во оваа категорија ќе добијат награда во износ од по 40.000 денари.


 

 

Наградата за најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта отиде во рацете на Ева Јовановска, VIII Б одделение, ОУ „Григор Прличев“. Меѓу пријавените состави од ученици од средните училишта најубав беше составот на Дијана Дурлевиќ, III година, „САБА“ Средношколска академија за бизнис. Двете ученички добиваат награди од по 10.000 денари.

Во категоријата за избор на најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта добитник на наградата во износ од 10.000 денари е Максим Дамјановски, III В одделение, ОУ „Кирил Пејчиновиќ“.


 

 

Во категоријата за најубаво уреден двор за колективно домување и во категоријата цртеж на тема екологија за средни училишта не се доделени награди, бидејќи на конкурсот не пристигнаа пријави.

Овој конкурс Градот Скопје традиционално го распишува во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“.

Назад   

Креиран од UserAA на 12.06.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11864258