MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Скопје имаме најмалку пожарникари по глава на жител
ШИЛЕГОВ: ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ВРАБОТИ 50 НОВИ ПОЖАРНИКАРИ

 

 

Во Противпожарната станица во Автокоманда,  денеска свечено беше одбележан 20 мај-Денот на пожарникарите. Прославата почна со свечено постројување на пожарникарите, а Командантот на Бригадата за противпожарна заштита Звонко Томески му поднесе рапорт на градоначалникот Шилегов.

 


- Дозволете ми најнапред да ви го честитам Денот на пожарникарството и да ви се заблагодарам за посветеноста и пожртвуваноста која ја покажувате вршејќи ја оваа благородна професија. Од срце Ви благодарам што секојдневно спасувате животите на нашите сограѓани, ставајќи го вашиот живот во опасност – рече Шилегов.

 


Тој нагласи и дека Градот Скопје вложува во опремување и во модернизација на Противпожарната бригада.

- Оваа година од буџетот на Град Скопје за Бригадата за противпожарна заштита одвоивме вкупно околу 134 милиони денари. Во овие средства  предвидена е набавка на нова пп автомеханичка скала минимум 75 метри и набавка на две возила автоцистерни. Испорачан е нов симулатор за пламени удари што се користи за вежби преку симулација на реални услови на пожар. Набавен е нов разгласен систем и во целост се заменети гаражните врати. Ова се само дела од тековните потреби на една модерна Бригадата за противпожарна заштита - истакна Шилегов.

 


Во своето обраќање Шилегов посочи дека оваа опрема долго време ја очекувале и затоа  Градот ја набавува годинава, како и дека се свесни  за нивната потреба од нова и модерна опрема согласно  со европските стандарди.

 - Оваа година во Бригадата за противпожарна заштита предвидено е да бидат примени нови 50 пожарникари. Согласно со  европските стандарди пропорцијата е еден пожарникар на 1.500 жители, додека моменталната состојбата во Скопје  е еден пожарникар на 3.500 жители. Со овие вработувања ќе се зголеми капацитетот на бригадата за справување со предизвиците при извршувањето на работните задачи, а истовремено ќе е чекор поблиску до исполнување на европските стандарди. Заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од исклучително значење за Градот Скопје. Секој спасен живот на наш сограѓанин е бесценет, и без вас оваа хумана мисија би била невозможна – потенцираше Шилегов.

 


Пред неколку месеци потцентарот Ѓорче Петров доби нова зграда за противпожарна станица, а Градот Скопје и во иднина ќе посвети посебно внимание за развој на пожарникарството и со тоа ќе даде свој придонес ва оваа суштинска област која придонесува на хуман начин да се создадат услови за  поголема безбедност на граѓаните.         

Назад   

Креиран од UserAA на 21.05.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12980522