MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ВО САБОТА ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАЗУБАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

 

 

Во сабота, 5 мај, на иницијатива на градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов, ќе се спроведе голема акција за средување, чистење и разубавување на животната средина во општините во Република Македонија.

- Ги повикувам општините да организираат конкретни акции заедно со локалните заедници, да ги информираат граѓаните за акциите и да овозможат учество на сите заинтересирани. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и го разбираме крикот за чиста животна средина. Придонесот на секој граѓанин ни е важен. Затоа ги повикуваме и граѓаните, доброволно да се вклучат во оваа акција во својата општина – рече градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

Шилегов додаде дека основен мотив за успех на оваа акција е чистата животна средина, секое средено катче од општините и здравјето на граѓаните.

- Ајде заедно да  го разубавиме нашиот роден крај, местото каде што живееме, работиме, учиме, каде што поминуваме најголем дел од нашиот живот. Заедно да се избориме за чиста и здрава животна средина како влог во иднината на нашите деца. Заедно да се гордееме со постигнатите резултати како пример во регионот и пошироко. Верувам во нашиот потенцијал како локална самоуправа и верувам  дека ќе успееме во нашите намери да обезбедиме услови за здрав живот на сите.  Убеден сум дека прашањето за подобрување на квалитетот на животната средина ќе биде минато бидејќи чистата и здрава животна средина ќе бидат наше секојдневие – нагласи Шилегов.

За Градот Скопје и за другите општини во земјава заложбата за почиста и поздрава животна средина е еден од најважните приоритети во нивното дејствување.

Назад   

Креиран од UserAA на 03.05.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080225