Sorabotka vo planiranjeto

Стратегијата за соработка на Град Скопје со невладиниот сектор

Sorabotka vo planiranjeto


gramadje 09.08.2007, 1:30 PM

Планирањето на активностите на телата во Собранието на Градот Скопје, се најпогодните активности за соработка помеѓу НВО и Градот Скопје.

   Според мене за почеток, сите планирања за 2008 година или иновирањето на долгорочните програми чии активности се однесуваат за реализација во 2008, да се направат заеднички.

   За да може НВО квалитетно да помогне, Градската администрација да обезбеди информации кои ќе бидат достапни до НВО. Покрај другото во информациите да постојат следните елементи:

  1. Планирани цели, што треба да се постигнат со проектот.
  2. Зошто е избран баш тој проект. (ако постоеле други идеи и потреби зошто е избран баш тој за приоритетен)?
  3. Што се очекува да се подобри/обезбеди со проектот?
  4. Кои елементи на проектот се анализирани (дали има „СВОТ“)?
  5. Кои и какви податоци постојат (база, анкета, ...), односно кои од истите и по која методологија е искористен при анализата?
  6. Кои, какви и од кого се појавиле пречки и кој е мотивот и/или аргументите на спротивставените субјекти?
  7. Кои пречки и потешкотии се очекуваат (финансиски/политички/технички)
  8. Кои се придобивките за животната средина и зрдавјето на граѓаните?
  9. Обезбедувањето на финансии за реализација
  10. други содржини битни за проектот

          Покрај јавната расправа, преку форум, службите во Градот да ги проучат систематизираат и стават на увид на сите заинересирани, вклучително и НВО.

          На основа на таквите материјали да се организира јавна -непосредна трибина, на која ќе се соочат аргументите за поединачните видувања и оценки.

                                                                                                                        Јован Мазгански, Еко-мисија, Скопје

© ГРАД СКОПЈЕ - 2006 -2010, Сите права задржани, www.skopje.gov.mk