Султан Муратова џамија

Султан Муратова џамија
Најстарата зачувана џамија во Скопје. Изградена во 1436 година, во времето на Султан Мурат II , на едно од најдоминантните места во Скопје, на возвишение во стариот дел на градот.
Позната и како Хунќар (Hunkâr = царева, султанска) џамија или Саат џамија (заради саат кулата која се наоѓа во нејзиниот двор). Денешниот изглед се разликува од првобитниот заради големите оштетувања кои ги претрпела во повеќе пожари, воени пустошења и земјотреси.
Во комплексот на џамијата се наоѓаат и две турбиња – турбето на Бејхан Султан и Семејната гробница на Али-паша од Дагестан.

Саат-кула
Подигната во периодот помеѓу 1566 и 1573 година, таа била првата Саат-кула на територијата на Османлиската држава. Механизмот на саатот бил донесен од саат кулата во Сигет (Унгарија), по неговото заземање од страна на Турците.
Саат кулата била забележена од повеќе патеписци кои го посетиле Скопје.
Кулата претпрела големи оштетувања во пожарот од 1689 година и во земјотресот од 1963. Денес таа е обновена, но без механизмот на часовникот.

1/1