MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Територијална противпожарна единица на Град Скопје
 
 
 
Сектор: Територијална противпожарна единица на Град Скопје
 
 
I. СТРУКТУРА
  • Центар „Автокоманда“
  • Потцентар „Ѓорче Петров“
  • Потцентар „Битпазар“
  • Потцентар „Тавталиџе“
  • Потцентар „Драчево“
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 20 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Територијалната противпожарна единица на Градот Скопје ги врши следните работи:
  • гаснење на пожари на подрачјето на градот Скопје;
  • отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
  • спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
  • укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
  • извршување на други работи при несреќи и непогоди;
  • врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;
  • заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Македонија;
  • давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
  • водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Градот Скопје за тоа;
  • периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица;
  • тековна поправка и одржување на механиката;
  • давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
  • врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
  • едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
Командант на бригада:
Звонко Томески
Телефон:
3143 010                            
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

Командно оперативен центар:
 
Телефон:
193                           
е-мail:
BPPZ-KOC-193@skopje.gov.mk             
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 
 
 
 

 

 Центар „Автокоманда“
 
I. КОНТАКТ
Командант на оперативен центар:

Телефон:
3175 360; 3114 063; 3115 578                  
e-mail:
/
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 Потцентар „Ѓорче Петров“
 
I. КОНТАКТ
Командант на оперативен центар:

Телефон:
2031 122                                                               
e-mail:
/
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 Потцентар „Битпазар“
 
I. КОНТАКТ
Командант на оперативен центар:

Телефон:
3116 788                                                              
e-mail:
/
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 Потцентар „Тафталиџе“
 
I. КОНТАКТ
Командант на оперативен центар:

Телефон:
3074 193                                              
e-mail:
/
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
Потцентар „Драчево“
 
I. КОНТАКТ
Командант на оперативен центар:

Телефон:
2791 052                                                            
e-mail:
/
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085411