MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Дистрибуција на Решенијата за комунална такса

 

     Ве известуваме дека Град Скопје -Сектор за финансиски прашања започна со дистрибуција на Решенијата за комунална такса - фирмарина за 2017 година. Поради тоа Ве информираме дека сите правни лица кои нема да добијат Решение за комунална такса за 2017 година како и сите кои ке утврдат неправилности во добиените Решенија со фактичката состојба, можат да се обратат во просторитте на Град Скопје, барака 16, шалтер 1,2 и 3 каде со приложување на соодветна документација истите ке добијат нови или корегирани Решенија.

 
Истовремено би сакале да Ве информираме дека плаќањето на обврските по однос на комуналната такса - фирмарина може да се изврши на следниве начини:


       1.Преку Webстраната на Град Скопје со користење на платежна картичка
       2.Преку електронско банкарство на деловните банки
       3.На шалтерите на деловните банки со приложување на Решение.


Би сакале да ве информираме и дека со регистрација на Web страната на Град Скопје  www.skopje.gov.mk може електронски да го превземете вашето Решение, да ја проверите Вашата состојба како и да извршите плаќање на даночната обврска.


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9556007