MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Надлежности
 
Градоначалникот го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје. Надлежности на градоначалникот:
  • ги прогласува актите на Советот и ги објавува во "Службен гласник на Град Скопје";
  • се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот;
  • се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје;
  • му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност;
  • раководи со управните и административните органи и служби на Градот;
  • управува со имотот на Градот во согласност со статутот;
  • именува и разрешува главен архитект;
  • му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот;
  • именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје;
  • донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот;
  • врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје.
Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.

 

 

 


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11975914