MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
FUPOL
ГРАДОТ СКОПЈЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРОЕКТОТ "ИНТЕЛЕГЕНТНИ АЛАТКИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ“ (FUPOL - FUture POLicy Modeling )
 
Проектот "Интелегентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните.  
Резултатот од проектот е развивање на алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација помеѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување на политики и закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување на одлуки.
Со овие алатки жителите на Град Скопје ќе можат директно да учествуваат во процесот на креирањето на политиките на градот, каде преку социјалните интернет мрежи ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови на предложените теми и проекти. Дополнително, корисниците ќе можат да коментираат за дадените теми и на официјалните Facebook, Twitter и Blogspot  профили на Градот Скопје, кадешто сите теми ќе бидат објавувани.
Сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето на политики на Градот Скопје.

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9107423