MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Мандат 2013-2017

 

 

______________________________________________________________________________

 

СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ

 
Советот на Град Скопје го сочинуваат 45 члена коишто се избираат во општи,непосредни, слободни и демократски избори.
Членовите на Советот се избираат со мандат со времетраење од четири години, тие ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања.
Членот на Советот не може да се отповика.
 
НАДЛЕЖНОСТИ
  • Го донесува Статутот на Град Скопје и други законски прописи;
  • Го донесува буџетот и годишната сметка на Град Скопје;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Град Скопје, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежностите на Градот како и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;  
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, чиишто основач е Град Скопје;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на буџет и годишната сметка на Град Скопје;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со законот;
  • Ги усвојува извештаите за работа како и годишните сметки на јавните служби, чишто основач е Град Скопје;  
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Град Скопје;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиската контрола на буџетот на Град Скопје, во согласност со законот;
  • Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Град Скопје, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител;  
  • Може да даде препораки на раководното лице во подрачната единица при Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во собраќајот;
  • Врши и други работи утврдени со закон. 

Горе

 

 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ
 

Ирена Мишева
 
         Политичка партија:
  
 ВМРО Демократска партија за македонско национално единство
Познавање на странските јазици:
 
 англиски
Поле на професионален интерес:
 образование, политика
Ангажирање во невладини организации:
 во повеќе
Email:
 
  

Горе 

ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 

 1. Алексовска Слободанка 24. Глинџарска Соња
 2. Андоновска Марија 25. Давчевски Драги
 3. Бајрактар Ѓонул 26. Ѓорѓиевска Лидија
 4. Берат Али 27. Зинзирова Сања
 5. Бичиклиски Александар 28. Колчаковски Драги
 6. Георгиевски Борче 29. Кратовалиев Константин
 7. Гиовска Елизабета 30. Манчевски Дамјан
 8. Додовски Марјан 31. Матевски Тихомир
 9. Ефтимова Елена 32. Матевски Ѓорѓе
10. Трајковски Васо 33. Трпески Предраг
11. Јовановски Славче 34. Василевски Драган
12. Јовески Пеце 35. Шапуриќ Зоран
13. Китановиќ Василка 36. Алајдин Алија
14. Лазарев Јован 37. Качар Енвер
15. Маневски Михајло 38. Љимани Бинаса
16. Мишева Ирена 39. Арјета Муча
17. Поповски Владо 40. Муслиу Ќемал
18. Реџепова-Теодосиевска Есма 41. Азири Нусрет
19. Саркањац Бранислав 42. Орана Идриз
20. Салиу Мирдита 43. Сејдиу Хаљиме
21. Трпевски Љупчо 44. Скаловски Денко
22. Филиповска Верица 45. Зурија Фазлиоска
23. Атанасова Линдита  

 Горе

 

 

 

ПАРТИИ ЗАСТАПЕНИ ВО СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

  • ВМРО - Демократска партија за македонско национално единство и Kоалиција „За подобра Македонија
  • Демократска унија за интеграција - ДУИ
  • Демократска парија на албанците - ДПА
  • Социјалдемократски сојуз на Македонија и Коалиција „Сојуз за иднината“
  • Демократска обнова на Македонија - ДОМ

 Горе


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11996035