РЕДОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕ
„СКОПЈЕ ДИШЕ“
На веб-страницата на Град Скопје, www.skopje.gov.mk, граѓаните можат да се информираат за состојбата на воздухот што го дишат. Проектот под наслов „ СКОПЈЕ ДИШЕ“ започна со поставување на првата станица за следење на квалитетот на воздухот со дисплеј за презентација на податоците на улица Македонија во почетокот на Фебруари 2011 година. Градот Скопје предвидува проширување на проектот со поставување на нови мерни уреди за следење и прикажување на квалитетот на воздухот и во останатите општини.
Мониторинг станицата врши мерење на параметрите: сулфур диоксид, азотни оксиди, јаглерод моноксид и суспендирани честички со големина до 10 микро метри.
Мерењата се во согласност со „Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентен воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели“, објавена во службен весник број 50/2005 која стапи на сила од 01.01.2007 год и Уредбата за гранични вредности на загадувачките супстанции одредени за 2011 година.
Индексот за квалитет на воздух и препораките за граѓаните се одредуваат согласно на Европските и Американските практики за информирање према табелата дадена подолу:
|
PM10 (μg/m3)
24час. просек
|
CO (mg/m3)
8час. просек
|
SO2 (μg/m3)
1час. просек
|
NO2 (μg/m3)
1час. просек
|
AQI
|
Информација за граганите
|
|
0 - 50
|
0.0 - 10.0
|
0.0 - 350
|
0.0-200
|
0 - 50
|
Добар
|
Нема
|
|
51 - 150
|
10.01 – 20.00
|
351 - 1500
|
201-400
|
51 - 100
|
Умерен
|
Премногу осетливите лица треба да го намалат изложувањето и престојот надвор
|
|
151 - 250
|
20.01 –30.00
|
1501-2500
|
401-800
|
101 - 150
|
Нездрав за осетливи групи граѓани
|
Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, треба да го намалат изложувањето и престојот надвор
|
|
251 - 350
|
30.01 –45.00
|
2501 - 3500
|
801-1200
|
151 - 200
|
Нездрав
|
Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари,треба да го избегнат изложувањето и престојот надвор. Сите останати, а особено деца, треба да го намалат подолгото изложувањето и престојот надвор.
|
|
351 - 450
|
45.01 – 70.00
|
3501 - 6500
|
1201- 2400
|
201 - 300
|
Многу нездрав
|
Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, да не излегуваат надвор. Сите останати, особено деца, треба да го избегнуваат изложувањето и престојот надвор.
|
|
420 - 500
|
70.01 – 100.00
|
6501 - 8500
|
2401 - 3200
|
301 - 400
|
Опасно
|
Сите треба да избегнуваат секаква физичка активност надвор
|
|
501 - 600
|
100.01 – 120
|
8501- 10000
|
3201 - 4000
|
401 - 500
|
Опасно
|
Сите треба да избегнуваат секаква физичка активност надвор
|
Локација на мерната станица за мониторинг на амбиентниот воздух на Град Скопје во О. Центар:

Мерни вредности и приказ во живо на параметрите за квалитет на воздух во:
Центар, Ул. Македонија ( http://www.skopjecentar.ekoinformatika.mk/ )