MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Писмо за барање на интерес за ЛУНА ПАРК во Скопје

 

Град Скопје објави барање за изразување интерес на релевантни компании и конзорциуми за избор на концесионер за проектирање, изградба, работење и финансирање забавен парк во Скопје. Главниот обем на работите на фирмата/ конзорциумот што ќе биде избран се следните:
  1. финансирање, проектирање и изведување работи за изградба на нов ЛУНА ПАРК со површина од 25.000 квадратни метри сo можност за проширување до 40.000 квадратни метри;
  2. управување, работење и одржување на забавниот парк за време на концесискиот период;
  3. пренос на предметот на концесијата на Град Скопје на крајот на концесискиот период (пренос на концесија).
Во оваа фаза Град Скопје очекува да добие писма за изразување интерес за учество во тендерската постапка за избор на концесионер за проектирање, изградба, работење и финансирање на нов ЛУНА ПАРК во Скопје, под концесија.
Град Скопје подготви пакет-информации со вовед и опис на проектот, главните фактори на концесијата и прелиминарен концептуален дизајн на новиот ЛУНА ПАРК.
 

Крајниот рок за доставување на изразување интерес е 24. 02. 2011 година.

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085547