MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Шарик Тара

 На инивијатива на Градоначалникот Трифун Костовски, Советот на Град на 8-та седница, оддржана на 30 ноември 2005 година, го прогласи Шарик Тара за почесен граѓанин на град Скопје.
По тој повод на четиринаесеттата седница на Советот на Град Скопје, одржана на 24 март 2006 година, на господинот Шарик Тара му беше врачена Плакета на почесен граѓанин на град Скопје.


 Шарик Тара е роден на 12 април 1930 година во Скопје, како потомок на Паша Јиџит Бег, неговиот син Гази Ишак Бег и неговиот внук, Гази Иса Бег. Сите тие имале големо влијание во развојот на тогашно Скопје.

 
Во Скопје сеуште постојат двете џамии што ги изградил Гази Исак Бег, а се паметат и џамиите изградени од Паша Јиџит Бегот, како и дервишкото средно училиште, турските амами и аквадуктот изградени од двајцата споменати потомци.
 
Нивното влијание продолжува да се чувствува и во подоцнежната историја од развојот на Градот. Во 1689 година ја создаваат фабриката за топови, управувана исклучиво од членовите на семејството, од каде и го наследуваат прекарот Кумбарачи – заде.
 
Токму од Кумбарачи – заде потекнува и мајката на Шарик Тара, која е една од првите, во тоа време, модерна и високообразувана турска жена во Скопје и Македонија. Неговиот татко по потекло од Босна, учел средно училиште во Скопје, а дипломирал на правниот факултет во Белград, по што долги години бил генерален директор на исламските инвестиции во Македонија и Косово, како и претседател на исламската заедница во Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.
 
Шарик Тара во Истанбул заминува на своја дванесет годишна возраст, за време на бугарската окупација. По завршувањето на основното училиште во Скопје, своето образование го продолжува во Истанбул, каде и дипломира на техничкиот универзитет. По магистратурата во областа од градежништвото, работи во неколку градежни фирми, за во 1957 година да ја основа сопствената фирма ЕНКА холдинг, една од најугледните фирми во градежништвото и индустриски групацијии во Турција.
 
Поведен од можностите и желбата за доброто на сите, Шарик Тара ги создава ЕНКА спорт и ЕНКА училиште, преку кои се лиценцираат над 700 спортисти и стипендиираат над 2100 студенти.
 
Во рамките на меѓународната активност Шарик Тара, се јавува и како основач и член на повеке форуми, економски асоцијации и институции:
  • Основач на Економскиот самит за Југоисточна Европа, чиј прв состанок е одржан во Скопје, во март 2005, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски;
  • Основач на Турско-Грчкиот и Турско-Јапонскиот бизнис совет;
  • Член на Бордот за надворешни економски врски на Турција;
  • Член на Светскиот економски форум во Женева;
  • ВД извршен член на Бордот на институтот за европски прашања во Дизелдорф;
  • Член во Бордот на доверители на европската асоцијација на турски академици;
  • Член во Бордот на советници на институтот Ист Вест, Њујорк, Про Балтик форум од Германија.
Добитник е на неколку престижни награди и титули, за покажаните активности и постигнатите резултати, како на домашен, така и на меѓународен план:
  • Почесен Доктор на Техничкиот универзитет во Истанбул, на 10 мај 1984 година;
  • Почесен Доктор од Московската медицинска академија, на 17 ноември 1993 година;
  • Почесен Доктор во Габзе институтот за висока технологија и Сенатот на Факултетот за менаџмент администрација и организација, на 29 јануари 2003 година;
  • Златен медал за служење на Република Полска, на 27 март 1985 година;
  • Златна и Сребрена звезда од јапонскиот император (влез во редот на Светото богатство) на 29 април 1991 година;
  • Медал за особена заслуга од Претседателот на Република Турција, на 27 октомври 1997 година.
Развивајќи го професионалениот дигнитет и градејќи го својот домашен и меѓународен углед, Шарик Тара во ниеден случај не го заборава своето македонско потекло и првите години од детството во својот роден град. Во рамките на многубројните остварени меѓународни контакти и средби, користејќи ја својата функција и надлежности, тој лобира за Македонија и создава позитивно јавно мислење за својот роден град и како што вели “своја прва држава“, особено во деновите кога Македонија цврсто чекореше кон своето осамостојување.
 
Со желба да и се помогне на Македонија, Тара е организатор на многубројни посети на високи делегации од Република Турција на Република Македонија и редовен домаќин на нашите делегации во Турција.
 

Горд што неговите два матични града се збратимени (Истанбул – Скопје, се збратимија во 2003 год.), тој постојано се обидува, низ посети и контакти да воспостави една цврста соработка на економски, културен и образовен план, со што би се продлабочиле веќе воспоставените добри пријателски односи помеѓу граѓаните на двата града, Скопје и Истанбул и народите на двете пријателски земји, Република Турција и Република Македонија.


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11996045