MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Музеј на град Скопје
Музеј на Град Скопје
 
Музејот е основан 1949 година. Во 1970 година Музејот се сместува во адаптираниот дел од старата Железничка станица која располага со 4.500 м2 од кои 2.000 м2 е изложбен простор.
Од тогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, историјата на уметност, во регионот на град Скопје. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и негова јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство.
Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по четири одделенија: археологија, историја, етнологија и историја на уметност. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доајенот на македонската уметничка фотографија Благоја Дрнков и донацијата на Јапонската графика Укијое.
Во 1991 година Љубомир Белогаски му подарил на Музејот на град Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност, и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на град Скопје што го носи името на донаторот Љубомир Белогаски и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела.
„Прошетка низ минатото“ е постојана поставка во Музејот која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата околина. „Отворено графичко студио – МАК – ГРАФ“ отворено во 1994 година кое има и меѓународен карактер, е простор за постојан контакт меѓу уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и да ги изложуваат своите дела.
Во Старата скопска чаршија се наоѓаат депандансите на Музејот, и тоа во Сули ан е сместена постојаната поставка за „Историјата на старата скопска чаршија“. „Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ“ и „Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ“.
 
Адреса: ул. „Мито Хаџивасилев“ бб, 1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 (0) 2/ 3115-367; 3113-609
Факс: + 389 (0) 2/ 3115-367
e-mail: mgs@mgs.org.mk
Работно време: 07.00-15.00

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12390771