MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Вернер Трини
   ВернерТрини  (Werner Trini)

Во плодната соработка на Градот Скопје и Градот Нирнберг, којашто трае 25 години, се реализирани различни културни размени и бројни проекти во повеќе области. Во таа долгогодишна соработка,
г. Вернер Трини како координатор на оваа соработка од збратимениот град Нирнберг има исклучителни заслуги за остварените проекти со Градот Скопје. За својот професионален ангажман и посебните заслуги во соработаката на Нирнберг и Скопје, Г. Трини е добитник на наградата “13 Ноември“ на Град Скопје. Исто така, г. Трини има реализирано повеќе хуманитарни активности во чии рамки беше донирана најразлична хуманитарна помош за повеќе институции и објекти во градот Скопје, како што се:
 
  • поставување на реквизити за детско игралиште во населбата Ново Лисиче;
  • донирани 100 кревети, апарат за следење на бременоста, медицински материјал за хирургија и лекови за Гинекологија „Чаир“;
  • донирани 60 кревети за клиниката за Гинекологија при Клиничкиот центар – Скопје;
  • донирани 150 кревети, опрема и лекови за Градска општа болница – Скопје;
  • донирани 40 апарати за дијализа, 300 кревети, лекови, опрема, инвалидски колички и помагала за движење за Воената болница – Скопје;
  • донирани 2 апарати за дијализа за Железара;
  • обезбедена финансиска помош за Домот за слепи лица во вредност од 2000 евра;
  • донација на опрема за болни, реновирање на објекти и 30 кревети за Болницата за душевно болни „Бардовци“;
  • донација на пакети со храна од граѓаните на Нирнберг во рамките на Божиќната акција;
  • обезбедена помош од Нирнберг за купување на контејнери за одпад;
  • донирани лекарски торби и два пакета опрема за реанимација за Службата за итна медицинска помош;
  • донирано едно возило за Црвениот крст на Скопје;
  • донирано едно возило - транспортер за Музејот на Град Скопје;
  • донирана маса за операции и други апарати за испитување за Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар – Скопје;
  • донирани играчки и средства во висина од 10.000 евра за Домот за деца без родители „11 Октомври“;
  • финансиска помош за реновирање на Градската вила во висина од 6100 евра;
  • Морско прасе за Зоолошката градина;
  • подарок- текстилнаработилница од Проф. Херпих, во соработка со Градот Нирнберг на Невладината асоцијација „ИКОН“ во Скопје;
  • донирана бебeшка храна од фирмата „ХИП“ од Нирнберг;
  • донирани 25.000 седишта за фудбалскиот стадион и други спортски сали во Скопје;
  • донирани две противпожарни возила и др.
 
            Вернер Трини е роден 01.08.1957 година во Нирнберг, Сојузна Република Германија. Веднаш по завршувањето на образованието, во септември 1975 година, се вработил во Градот Нирнберг. Во текот на својата долгогодишна и плодна работа во администарцијата на грдаот Нирнберг, г. Трини најпрво работел во Социјалната служба, потоа во Службата за домување и обнова на градот, Службата за печат и информации и Службата на градоначалникот на Град Нирнберг. Сега работи во Службата за меѓународна соработка. Г. Трини е оженет и е татко на синот Маркус.
 
 
 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11996192