MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Е-Сервиси по азбучен ред „Р“
РЕГУЛИРАЊЕ на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии)
   
Сектор:
Одделение:
за планирање и уредување на просторот
за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти
Одговорно лице:
Данче Јовановска
Јоана Видњевиќ
Телефон:
3297 266; 3297 267; 3297 288
е - мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
   
Опис и тек на постапката во чекори:
   
1.        Во Aрхива на Град Скопје (барака бр. 16) се поднесува Барање за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште заедно со целокупната потребна документација;
2.        По предавањето на документацијата се врши пресметка и изготвување на Пресметка за плаќање;
3.        После подигнувањето на Налогот корисникот го регулира плаќањето;
4.        По доставениот начин на плаќање се склучува договор и се издава потврда за извршено плаќање, како и заверка на техничката документација.
 
Потребни документи:
   
1.        За изградба на објекти на неизградена градежна парцела;
o        Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
o        Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
o        Согласности од:
- Електро Дистрибуција - Скопје
- ЈП Водовод и Канализација - Скопје
- Топлификација АД -Скопје
2.        За изградба на објекти на изградена градежна парцела;
o        Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
o        Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
o        Согласности од:
- Електро Дистрибуција - Скопје
- ЈП Водовод и Канлизација - Скопје
- Топлификација АД - Скопје
o        Доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште за постоечки објект
§         Доколку на градежната парцела постоечкиот објект е изграден пред 1968 година, да се приложи следната документација:
- во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
- договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
- проект со одобрение за градба (заверени од надлежните институции)
§         Доколку на градежната парцела постоечкиот објект е доградуван, надградуван пред 1976 година, да се приложи следната документација:
- во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
- договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
- проект со одобрение за градба. (заверени од надлежните институции)
НАПОМЕНА: Во предвид се земаат нето површини од постоечкиот објект кои се во рамките на маркицата предвидена со ДУП, пресметани по правилникот за степен на уреденост на градежно земјиште кој е во сила.
3.        За пренамена на површини.
o        Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
o        Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
НАПОМЕНА: Согласно програмата за уредување на градежно земјиште, не се наплатува пренамена на деловен во станбен простор.
Рокови за постапката
1.        Налог - 15 дена по поднесување на барањето,
2.        Договор, потврда, фактура и заверен проект - 5 дена по завршено плаќање.
Документ/акт што граѓанинот го добива
Со регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште се добиваат следните документи:
1.        Налог за регулирање на надоместок за уредување на градежно земјиште;
2.        Договор за регулирање на надоместок за уредување на градежно земјиште;
3.        Потврда за платен надоместок за уредување на градежно земјиште;
4.        Заверен проект.
 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10127352